24фудбал

Офсајд стапицата на Виљареал во која беа фатени дури седум фудбалери на Баерн Минхен (ВИДЕО)

Виљареал направи големо изненадување откако го помина Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите, а на мечот имаше еден интересен момент кој беше посебно забележан.

Лига на Шампиони

Унаи Емери одлично тактички го подготви својот тим и покажа дека е мајстор за европски натпревари. Еден од специјалитетите синоќа беше офсајд стапицата.

Помалку ризично, но изгледаше совршено кога во 27. минута фудбалерите на Виљареал направија офсајд стапица во која беа фатени дури седум фудбалери на Баерн Минхен.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.