24фудбал

Гвардиола ќе биде селектор на Бразил?

Бразилската фудбалска федерација се надева дека ќе го убеди Пеп Гвардиола да стане нивни селектор откако ќе му заврши договорот со Манчестер Сити.

Јужна Америка

Бразил по Светското првенство во Катар ќе остане без селектор, Тите нема да продолжи да ја извршува таа функција и веќе им го соопштил тоа на челниците од фудбалската федерација.

Иако во моментов главниот фокус е Мундијалот, во Бразил почнуваат да размислуваат и за иднината, кој да биде наследникот на Тите.

Според „Марка“, прв пик за нов селектор е Пеп Гвардиола, тие имаат подготвено и понуда за него од 12 милиони евра по сезона и договор заклучно со Светското првенство во 2026 година.

Во Бразил се оптимисти дека можат да го убедат Пеп Гвардиола да ја прифати работата, но нејасно е што размислува тој.

Гвардиола има договор со Манчестер Сити до јуни 2023 година и голема е веројатноста да ја напушти Премиерлигата по крајот на идната сезона.

Во Бразил се подготвени да имаат привремено тренерско решение во периодот откако ќе заврши Мундијалот до истекот на договорот на Гвардиола со Манчестер Сити.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.