24фудбал

„Нејмар е детинест, разгален и без фокус... Кога се пресели во ПСЖ му заврши кариерата“

Поранешниот бразилски фудбалер Валтер Касагранде упати многу критики на адреса на Нејмар, вели дека кариерата на напаѓачот завршила кога тој се преселил во ПСЖ.

Јужна Америка

Бразилецот е на удар на јавноста откако имаше уште една разочарувачка сезона, фановите на ПСЖ му упатија свирежи и навредливи зборови по елиминацијата од Реал Мадрид во Лигата на шампиони.

„Секогаш сум велел дека Нејмар во репрезентацијата на Бразил, и покрај тоа што има одличен голгетерски скор, никогаш не бил одлучувачки. Во ерата на Нејмар, Бразил има еден триумф на Купот на Конфедерации и еден трофеј на Копа Америка, и тоа освоен тука во Бразил на домашен терен и Нејмар не играше поради повреда“ - вели поранешниот бразилски фудбалер Валтер Касагранде.

„Нејмар е во катастрофален момент, го критикуваат во Франција и останатиот дел од Европа. Мислам дека е детинест, разгален и без фокус“.

„Беше топ фудбалер кога се појави во Сантош, имаше голови и натпревари за паметење. Имаше одлични партии и во Барселона, но кога одбра да се преслеи во ПСЖ, неговата кариера заврши“.

„Имаше неколку повреди, знаеме дека се поврзани со социјалниот живот. Ги загуби експлозивноста и спринтот“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.