24фудбал

Будење за фудбалерите на Барселона во Истанбул во 3:46 часот наутро (ВИДЕО)

Навивачите на Галатасарај се обидоа да им го пореметат сонот на „каталонците“, утрово нешто пред 4 часот имаше мало пиротехничко шоу пред хотелот во кој престојува експедицијата на Барселона.

Лига Европа

Минатата недела, Галатасарај го преживеа гостувањето на Камп Ноу и сега со поддршката на совите навивачи ќе се обиде да и зададе нов удар на Барселона и да ја елиминира од Лига Европа.

Битката почна уште рано утрото, или поточно во 3:46 часот, кога пред хотелот во кој престојува експедицијата на „каталонците“ имаше мало пиротехничко шоу.

Останува да се види дали огнометот ги остави без сон фудбалерите на Барселона, и дали ова ќе влијае на нивните перформанси.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.