24фудбал

Убедлив пораз на Црвена звезда од Ренџерс, Барселона одигра без голови против Галатасарај (ВИДЕО)

Црвена звезда со 3-0 загуби на гостувањето кај Глазгов Ренџерс, кикс на Барселона која на Камп Ноу одигра само 0-0 против Галатасарај.

Лига Европа

Исто како и Партизан, и Црвена звезда ќе го почне реваншот со -3 гола. Црвено-белите загубија со 3-0 на гостувањето кај Глазгов Ренџерс.

Резултатот можеше да биде поинаков, два гола на Катаи беа поништени од ВАР поради офсајд, а колку тој немаше среќа денеска стои фактот дека и промаши пенал во 24. минута. Српскиот тим имаше и уште неколку убави шанси, Канга ја погоди пречката.

Барселона беше импресивна против Наполи, но вечерва не ја оправда улогата на фаворит против Галатасарај откако одигра 0-0.

Најмногу голови имаше на мечот меѓу Аталанта и Баер Леверкузен каде италијанскиот тим победи со 3-2.

Добра предност направи Брага која со 2-0 го победи тимот на Монако.