24фудбал

Аргентина и без Меси го победи Чиле (ВИДЕО)

Аргентина со 2-1 славеше на гостувањето кај Чиле, гаучосите овој меч го играа без својата главна ѕвезда, Лионел Меси.

Јужна Америка

Поради неодамна прележаниот ковид, кој не го помина најлесно, Меси доби поштеда од аргентинската репрезентација. Му беше дадено време да се опорави комплетно.

Но, Аргентина и без него дојде до трите бода од гостувањето кај Чиле. Сите возбудувања се случија во првиот дел.

Ди Марија постигна гол во 10. минута за водство на Аргентина од 1-0, но десетина минути подоцна Бреретон изедначи на 1-1.

Лаутаро Мартинез даде гол во 34. минута за водство од 2-1 на Аргентина што беше и конечен резултат на мечот.