24фудбал

Навивачите на Евертон јасно ставија дознаење кого го посакуваат за тренер (ФОТО)

На „Гудисон парк“ арената во Ливерпул осамнаа графити на кои навивачите на Евертон ја искажаа својата желба за нов тренер на тимот.

Англија

Како што стојат работите, Евертон се чини дека до крајот на актуелната сезона го очекува грчевита битка за опстанок во Премиерлигата, колку и да звучи чудно, сепак така налага моменталната ситуација.

Поголемиот дел од навивачите на „Карамелите“ застанаа против одлуката на клубот за назначување на Рафа Бенитез за тренер, меѓутоа нивниот глас не беше слушнат, а Шпанецот веќе си замина од клубот, оставајќи го истиот во долниот дел, близу опасната зона за испаѓање.

Како и да е, на Островот сега се најавува Витор Переира како иден тренер на Евертон, меѓутоа навивачите повторно го кренаа гласот против оваа идеја на раководството на клубот, па го „пикираа“ Френк Лампард како желба за нов тренер, кој е без ангажман по заминувањето од Челси.