24фудбал

Лазетиќ го одбра бројот кој ќе го носи во Милан, инспирација му е еден негов идол

Во текот на денешниот ден Милан треба да го комплетира трансферот на Марко Лазетиќ од Црвена звезда, а информациите велат дека тој веќе го избрал својот број.

Италија

18-годишниот фудбалер ги помина медицинските тестови во Милан и денеска треба да биде потврден како ново засилување.

Тој стави потпис на петгодишен договор со Милан, а Црвена звезда за овој трансфер ќе добие околу 5 милиони евра, плус процент од следниот трансфер.

Според „Газета дело Спорт“, Лазетиќ го одбрал дресот со број 22 поради неговиот идол Кака.