24фудбал

АФКОН: Мароко се „чекираше“ во четвртфиналето по победата над Малави (ВИДЕО)

Доста интересен меч одиграа обете репрезентации, а победникот беше решен со пресврт на фаворитот.

Останато

Мароко прогресираше во четвртфиналето од Африканскиот куп на Нации откако со 2-1 го совлада Малави, а победникот славеше откако направи целосен резултатски пресврт.

Манго во 7 минута со еден прекрасен гол ја доведе до почетно водство селекцијата на Малави, меѓутоа во самиот финиш од првото полувреме Ен Несири израмни на 1-1.

Во второто полувреме Хакими со преубав гол во 70 минута од слободен удар успеа да направи пресврт во корист на Мароко, а уште во таа фаза од мечот беше поставен и конечниот исход.


Мароко во четвртфиналето ќе се судри со подобриот од дуелот помеѓу Египет и Брегот на Слоновата коска.