24фудбал

Барнли ќе му искешира 8 милиони евра на Динамо Загреб за Оршиќ

Хрватскиот крилен напаѓач е добро познат на фудбалската јавност на Островот поради хет-трикот против Тотнем во Лига Европа, а погоди за победа против Вест Хем и за прогрес на хрватскиот тим во нокаут фазата од истото натпреварување.

Англија

Барнли е на прагот за нешто над 8 милиони евра да го ангажира 29 годишниот крилен напаѓач на Динамо Загреб, Мислав Оршиќ, со тоа што наводно преговорите течат во напредна фаза.

Оршиќ е веќе четири сезони дел од Динамо Загреб, со тоа што запиша импресивен статистички рекорд во поглед на бројот на погодоците, односно 67 погодоци на 168 настапи за клубот.

Клубот од „Турф Мур“ мора да се засили во нападот од причина што Крис Вуд се пресели во Њукасл, откако ривалот во битката за опстанок во Премиерлигата ја активираше откупната клаузула на интернационалецот од Нов Зеланд, а со тоа го ослабна играчки Барнли.