24фудбал

Диего Коста се враќа на европско тло, следна дестинација е Серија А?

За искусниот напаѓач ова ќе биде прво искуство во својата кариера во Серија А, откако претходно настапуваше во Португалија, Шпанија и Англија, а најзабележителен беше во Атлетико Мадрид и Челси.

Италија

Во Италија наведуваат дека Салернитана го убедила ветеранот Диего Коста да им се приклучи за до крајот на актуелната сезона, со тоа што напаѓачот е слободен играч на трансфер пазарот.

33 годишниот Коста инаку се поврзуваше и со Њукасл, меѓутоа се верува дека веќе ги договорил личните услови со Салернитана, па така во најава е двоец во нападот предводен од Франк Рибери и Диего Коста.

Поранешниот шпански репрезентативец имаше и повеќе од успешна сезона со Атлетико Минеиро, клуб со кој ја освои титулата во Бразил.

Салернитана во моментов е последна на табелата во Серија А по 22 одиграни меча, на оваа екипа и претстои грчевита битка за опстанок во елитната италијанска фудбалска дивизија.