24фудбал

Роналдо фрустриран од двајца соиграчи во победата над Вест Хем

Манчестер јунајтед мака мачеше како да дојде до победа над Вест Хем, а тоа на „Црвените ѓаволи“ им успеа со гол во самата завршница од мечот на „Олд Трафорд“.

Англија

Кристијано Роналдо наводно бил фрустриран од двјаца свои соиграчи во мечот против Вест Хем, а на Островот ги наведоа и имињата на двајцата членови на Манчестер јунајтед.

36 годишниот Португалец не бил задоволен од тимските перформанси на „Црвените ѓаволи“, а особено го вперил прстот кон Мегваер и Гринвуд, за што тврди „Атлетик“.

Наведениот медиум тврди дека Роналдо особено имал голема замерка до Мегваер поради една ситуација во која капитенот не успеал да го пронајде, а наместо тоа само ја расчистил опасноста подалеку од голот.

Што се однесува пак до Гринвуд, тој се најде на мета на Роналдо поради еден контра напад на Манчестер јунајтед каде во добра позиција беше токму Роналдо, но, наместо да додаде до ветеранот, Гринвуд се реши сам да заврши и погреши во одлуката.

Маркус Рашфорд погоди во самата завршница за минимален триумф на фаворитот кој се искачи на четвртото место на табелата, меѓутоа општиот заклучок е дека играта на составот предводен од Ралф Рангник не ветува.