24фудбал

Кикс на Арсенал, Ливерпул победи кај Кристал Палас (ВИДЕО)

Арсенал не успеа да го победи Барнли на свој терен, мечот заврши без голови, Ливерпул со 3-1 славеше на гостувањето кај Кристал Палас.

Англија

И покрај отсуството на неколку фудбалери, Арсенал беше голем фаворит против Барнли кој е на последното место на табелата во Премиерлигата, но топчиите не победија. Натпреварот заврши 0-0.

За разлика од Арсенал, Ливерпул дојде до трите бодови од својот дуел, црвените на Јирген Клоп славеа со 3-1 на гостувањето кај Кристал Палас.

Со голови на Ван Дајк и Челбрлејн во првото полувреме, Ливерпул дојде до водство од 2-0.

По десет минути игра во вториот дел Кристал Палас даде гол преку Едуард и се врати во игра, но до крајот Ливерпул постигна уште еден гол, Фабињо погоди од пенал за конечни 3-1.

Лестер и Брајтон одиграа нерешно 1-1. Домаќините имаа водство со гол на Дака во 46. минута, изедначи Велбек на осум минути пред крајот.