24фудбал

Саутемптон ја прекина серијата на Сити, само бод за „граѓаните“ на „Сент Мерис“ (ВИДЕО)

Саутемптон ја прекина серијата од 12 победи во Премиерлигата на Манчестер Сити, вечерва „светците“ се изборија за 1-1 против актуелниот шампион на Англија.

Англија

Избраниците на Пеп Гвардиола кикснаа во Премиерлигата по речиси три месеци и одиграа реми на гостувањето на „Сент Мерис“.

Саутемптон ја прекина серијата од 12 победи на „граѓаните“, дека актуелниот шампион ќе има мака вечерва, најави Вокер Питерс во 7. минута, дефанзивецот на асистенција на Редмон, погоди за 1-0.

„Светците“ долго време парираа, но заборавија на Лапорт во 65. минута, Французинот небранет со глава ја затресе мрежата за 1-1.