24фудбал

Победа на Астон Вила и инцидент на Гудисон, еден навивачи е приведен (ВИДЕО)

Астон Вила со три бода си замина од гостувањето кај Евертон, Еми Буендија донесе минимална победа за гостите, еден навивач на „карамелите“ е приведен откако Кеш и Дињ беа погодени со предмети при прославата на голот.

Англија

Продолжува црната серија на Евертон и без Рафа Бенитез на кормилото, попладнево, Астон Вила славеше со 0-1.

Клучниот момент на мечот се случи длабоко во судиското надополнување на првиот дел, Еми Буендија погоди со глава за водство на гостите. Погодокот предизвика фрустрации кај домашните навивачи, кон теренот полетаа предмети и во глава беа погодени Кеш и Дињ.

Полицијата веднаш приведе еден навивач а се трага по сите оние кои ги предизвикаа инцидентот.