24фудбал

„Фудбалерите на Манчестер јунајтед треба да замолчат и да слушнат што има да каже Роналдо“

Поранешниот играч на Манчестер јунајтед, Луj Саха застана во одбрана на Кристијано Роналдо, вели дека ЦР7 со право треба да зборува во соблекувалната, а останатите наместо да се бунат, треба да слушнат што има да каже Португалецот.

Англија

Минатото лето, Кристијано Роналдо направи сензационален трансфер и се врати на Олд Трафорд. Сепак, тој често е критикуван и одново се најде на удар кај дел од јавноста откако неодамна сугерираше дека помладите играчи не ги слушаат советите од постарите.

Но поранешниот „ѓаволи“, Луj Саха не се сложува со критичарите, застана зад Кристијано Роналдо и му даде поддршка.

„Ако некој фудбалер има право да каже што мисли во соблекувалната, тоа е Кристијано Роналдо. Добар дел од младите играчи немаат оставено никаков белег во фудбалот, не се докажале. Можеби одигарле неколку натпревари за репрезентацијата, но што освоиле?“ – вели Луj Саха.

„Доколку не можете да прифатите критика, тоа не е нормално. Роналдо само се обидува да ги подобри другите. Сака да освојува трофеи и знае како да го прави тоа, па останатите трба да го слушаат“.

„Тоа е исто како онаа изреката, „Доколку не се плашите од вашиот Бог, немате почит кон него“. Не велам дека треба да го гледаат Роналдо како Бог, но тој е еден од најдобрите играчи што светот некогаш ги видел“.

„Доколку играчите немаат почит за работите кои тоj ги кажува, тоа не е нормално. Треба да замолчат и да слушнат што има да каже. Мора да учат од секој совет што ќе им го даде бидејќи Роналдо бележи успеси во текот на целата кариера“.