24фудбал

Манчестер јунајтед го одби Њукасл за Лингард

Клубот од „Сент Џејмс Парк“ е мошне активен на трансфер пазарот во обидите да ги засили своите редови за изборување на опстанок во елитното фудбалско друштво на Островот.

Англија

Манчестер јунајтед го одбил Њукасл во неговиот обид да го обезбеди Џеси Лингард на позајмица за до крајот на актуелната сезона, а 29 годишниот фудбалер влегува во финалните шест месеци од актуелниот договор со клубот од „Олд Трафорд“.

Дали Њукасл ќе тргне во нови обиди за потписот на Лингард, овој пат за негов трансфер на лето, кој инаку може да се договори уште овој месец, останува да видиме, а извесно е дека Лингард ќе си замине од Манчестер јунајтед.

Лингард запиша 14 настапи за „Црвените ѓаволи“ оваа сезона, со тоа што само еден настап му беше како стартер, а имаше фантастични перформанси за време на престојот на позајмица во Вест Хем ланската полусезона.