24фудбал

Аталанта организира различно патување и хотел за анти-ваксерите во тимот

Се чини дека ситуацијата ќе станува од ден на ден комплицирана за италијанските фудбалски екипи во поглед на организацијата на фудбалерите кои не се вакцинирани како заштита од коронавирусот.

Италија

Додека италијанската влада ги крои плановите околу финализацијата на правилата околу фудбалерите кои не се вакцинирани, Аталанта е приморана да ги одвои анти-ваксерите во својот состав за гостувањето кај Лацио, со различен хотел, патување но и појадок.

Во теорија, невакцинираните фудбалери не би имале можност за настап на натпреварите, ниту пак да влегуваат во соблекувалните почнувајќи од 10 јануари.

Како и да е, „ЛЕко ди Бергамо“ пишува дека Аталанта веќе организира две различни маршути за својот тим за гостувањето кај Лацио претстојниов викенд.

Во октомври ланската година беше објавено дека 98% од фудбалерите во Серија А се вакцинирани, а според горенаведеното, се чини дека станува доста комплицирано за клубовите по однос на оние фудбалери кои не отстапуваат од идејата да не се вакцинираат како заштита од коронавирусот.