24фудбал

На повидок бура во Премиерлигата, Арсенал го навлекува гневот на ривалите

Според пишувањата на Мирор, на повидок е бура во Премиерлигата откако Арсенал реши да го испрати Пабло Мари на позајмица во Удинезе во период кога „топчиите“ се жалат дека немаат доволно играчи за да играат.

Англија

Премиерлигата донесе контроверзна одлука и го одложи големото дерби на Северен Лондон со оправдание дека Арсенал нема 13 играчи плус голман, минимумот за одигрување на натпревар.

Сепак ова правило беше донесено за да се заштитат клубовите во служај на жариште на ковид-19, а во случајот на Арсенал, само еден фудбалер беше позитивен на коронавирус.

Нејасно е дали Арсенал ќе побара одложување и на мечот со Ливерпул, и доколку се случи ова на повидок е бура во Премиерлигата. 

Како што пренесува Мирор, ривалите на Арсенал се бесни откако Арсенал реши да го испрати Пабло Мари на позајмица во Удинезе. „Топчиите“ го пуштаат дефанзивецот да си оди и покрај тоа што не знаат дали ќе имаат доволно фудбалери за реваншот против Ливерпул во Лига купот.