24фудбал

Џенова го пронајде наследникот на Шевченко

Џенова во наредните денови треба официјално да го соопшти името на новиот тренер, станува збор за Бруно Лабадиа.

Италија

Џенова постигнала договор со Бруно Лабадиа кој треба да биде наследник на Андриј Швеченко.

Поранешниот тренер на Волфсбург и Херта, треба денеска да биде во Џенова, да го потпише договорот и да биде промовиран во нов тренер.

Џенова води тешка битка за опстанок во Серија А, синоќа доживеа дебакл во Фиренца каде загуби со 6-0 од Фиорентина.