Душан Влаховиќ сакаше да се прослави против Џенова и со „паненка“ да ја затресе мрежата на гостите, но Србинот убаво се избрука, тој подоцна сепак се искупи со убав лоб.
Категорија: Италија 18.01.2022 09:52
Фиорентина синоќа ја наполни мрежата на Џенова и славеше со убедливи 6-0. Домаќините можеа да стигнат и до поубедлива победа, прв шанса да погоди имаше Душан Влаховиќ.
Србинот од белата точка можеше да го отвори резултатот, но реши да проба „паненка“ и убаво се избрука. За него ова беше прв промашен пенал во дресот на „виолетовите“.
Сепак, во второто полувреме напаѓачот се искупи и со убав лоб го матираше Сиригу.