24фудбал

Мала утеха за Левандовски, го победи Меси до признанието „Д Бест“ на ФИФА

Роберт Левандовски е фудбалер на годината во изборот на ФИФА, Полјакот стигна до наградата „Д Бест“ пред Лео Меси и Мохамед Салах.

Останато

Роберт Левандовски според многумина неоправдано ја загуби битката со Лео Меси за престижниот трофеј „Златна Топка“, но мала утеха за напаѓачот на Баерн Минхен пристигна вечерва.

Полјакот е фудбалер на годината во изборот на ФИФА, Роберт Левандовски стигна до наградата „Д Бест“ пред Лео Меси и Мохамед Салах.

На церемонијата во Цирих, ФИФА додели уште неколку награди, Едуар Менди од Челси е избран за голман на годината, а Томас Тухел доби признание за тренер на годината.

Кристијано Роналдо доби специјално признание за голгетерскиот скор со репрезентацијата на Португалија.

Во женска конкуренција, Алеша Путељас од Барселона е најдобра во годината, Кристијане Едлер е најдобар голман, Ема Хејс е најдобар тренер а Кристин Синклер доби специјално признание.

Наградата за навивачите е доделена за фановите на Данска и Финска и нивната сплотеност кога Кристијан Ериксен колабираше на теренот. Наградата за фер-плеј е доделена на фудбалерите, лекарскиот тим и тренерскиот персонал на Данска и нивната херојска реакција со која беше спасен животот на Кристијан Ериксен.

За наградите гласаа фановите, одбрана група новинари, капитените и селекторите на репрезентациите.