24фудбал

Дибала е на „линија“ со ривал на Јувентус во Италија

Аргентинецот има можност да преговара со заинтересираните клубови за неговиот потпис од причина што неговиот договор со „Старата дама“ истекува на лето.

Италија

„Газета дело Спорт“ тврди дека Интер веќе остварил контакт со фудбалерот на Јувентус, Пауло Дибала за обете страни да разговараат околу можниот трансфер на Аргентинецот во Милано.

Актуелниот договор на 28 годишниот плејмејкер истекува на лето, а наводно Интер веќе го известил Дибала околу условите кои му ги нудат, односно за условите кои се подготвени да му ги понудат.

Се верува дека Интер му нуди пет годишен договор на Дибала, а со годишна плата од 7.5 милиони евра, но во Италија додаваат дека постои можност Јувентус да му понуди четири годишен договор на својот фудбалер.