24фудбал

Официјално: Дориан Бабунски потпиша за Дебрецин, таму ќе игра заедно со својот брат Давид

Дебрецин ги спои Дориан и Давид Бабунски откако денеска објави дека потпиша договор со македонскиот напаѓач.

Македонија

По одличните настапи во бугарското првенство, Дориан Бабунски си обезбеди трансфер во Дебрецин.

„Клубот потпиша две ипол годишен договор со напаѓачот. Братот на Давид Бабунски, Дориан Бабунски ќе ја продолжи кариерата кај нас“, се вели во соопштението на клубот.

Дориан вели дека за него е посебно тоа што за првпат ќе игра заедно со својот брат Давид.

„Голема чест ми е што ќе играм за Дебрецин, се чувствувам подготвен да му помогнам на тимот, верувам дека ќе имаме одличен успех заедно. За првпат ќе играм заедно со мојот брат, и тоа исто така ќе биде нешто посебно за мене“, изјави Дориан Бабунски.