24фудбал

Ериксен ја доби првата понуда, до крајот на сезоната да игра во Премиерлигата

Неколку извори пренесуваат дека Брентфорд доставил понуда до Кристијан Ериксен, се работи за соработка до крајот на сезоната со опција за додатни 12 месеци.

Англија

Кристијан Ериксен има понуда за враќање во Премиерлигата, Данецот добил предлог од Брентфорд за соработка до крајот на сезоната со можност истата да биде продолжена за додатни 12 месеци.

Фудбалерот од средниот ред е слободен играч откако го раскина договорот со Интер, законите во Италија не дозволуваат тој да игра поради уредот кој му е вграден на срцето (Имплантабилен дефибрилатор на кардиовертер) па „нероаѕурите“ му дадоа одврзани раце за продолжување на кариерата.

Преговорите помеѓу Кристијан Ериксен и Брентфорд се во почетна фаза, се говори дека интерес за неговите услуги пројавуваат уште неколку клубови, и барем уште еден друг клуб е во котант со неговиот агент.