24фудбал

Евертон му подготвува отказ на Рафа Бенитез (ФОТО)

По вчерашниот пораз од Норич, раководството на Евертон веќе нема дилеми, ќе има тренерска смена, на Рафаел Бенитез ќе му биде врачен отказ.

Англија

Бордот на Евертон притиска Рафа Бенитез веднаш да добие отказ. Договорено е пред да биде избркан Шпанецот, да биде пронајден нов тренер и да се договори отштетата која треба да му биде дадена.

Евертон е на 15. место на табелата во Премиерлигата, на последните четири натпревари има три порази и едно реми.

На вчерашниот меч против Норич, фанови на Евертон со парола бараа Бенитез да си оди.