24фудбал

Дибала погоди но не се радуваше, Јувентус го совлада Удинезе (ВИДЕО)

Јувентус со 2-0 го совлада Удинезе и стигна до нови три бода во Серија А, Пауло Дибала погоди но реши да не го прослави голот.

Италија

„Старата дама“ го заборави болниот пораз од Интер во Суперкупот на Италија со победа над Удинезе во Серија А.

Избраниците на Макс Алегри вечерва рутински стигнаа до трите бода и триумфираа со 2-0.

Резултатот го отвори Пауло Дибала во 19. минута. Аргентинецот доби убвава топка од Кин и биеше неодбранливо за 1-0. Тој потоа реши да не се радува на голот, потег кој сигурно ќе биде коментиран во следните денови.

Мечот беше решен во 79. минута, Мекини скокна највиско по една нафрлена топка од Де Шиљо и со глава ја затресе мрежата на Удинезе за 2-0.