24фудбал

Халанд: Борусија Дортмунд ме притиска да донесам одлука, јас сакам само да играм фудбал, но...

Ерлинг Халанд вели дека во наредниот период ќе донесе одлука за својата иднина, клубот го притиска што побрзо да го направи тоа.

Германија

Во вчерашната победа од 5-1 над Фрајбург, Халанд даде два гола. Тој постојано се поврзува со заминување во летниот преоден рок и најверојатно ќе го направи тоа.

Напаѓачот синоќа изјави дека Борусија Дортмунд го притиска што побрзо да ја донесе одлуката за да си прават свои планови за наредната сезона.

Во изминатите шест месеци одлучив да не зборувам ништо за трансфери поради почит кон Дортмунд, но сега клубот почна да ми прави притисок да донесам одлука, а јас се што сакам е да играм фудбал. Но, тие ме притискаат да донесам сега одлука за мојата иднина, па тоа значи дека наскоро ќе треба да ја донесам таа одлука“, вели Халанд.

„Јас сега сакав да бидам фокусиран само на натпреварите бидејќи сме на сред сезона, но изгледа нема да може да биде така, тие ме притискаат и јас морам да донесам одлука сега“.

Дека е тоа така потврди и извршниот директор на Борусија Дортмунд, Вацке. 

„Халанд е спонтана личност. Дозволено му е да го каже тоа што го кажа. Нема проблем со Халанд. Но, тој исто така мора да ја разбере нашата ситуација. Ние не можеме да чекаме до мај за тој да одлучи“, рече Вацке.