24фудбал

Конте го избрка најскапото засилување во историјата на Тотнем и му нареди да тренира сам

Медиумите од Англија пренесуваат дека Антонио Конте го шкртнал Танги Ндомбеле од првиот тим, најскапото засилување во историјата на Тотнем тренира сам

Англија

Танги Ндомбеле во 2019 се пресели во Тотнем за 65 милиони фунти, рекордна трансфер сума за „спарси“, но Французинот никогаш не ги исполни очекувањата.

Тотнем сака да го продаде Танги Ндомбеле и се чини дека неговите денови во Северен Лондон се избројани.

Французинот го навлече гневот на сопствените навивачи против Морекамб во ФА Купот кога не брзаше со напуштањето на теренот, па доби свирежи.

Танги Ндомбеле потоа не се најде во тимот за реваншот против Челси во полуфиналето од ФА Купот, а како што пренесуваат медиумите од Англија, Антонио Конте сега го шкртнал играчот од првиот тим, и тој тренира сам.