24фудбал

Лук де Јонг го натера Чави да го промени мислењето за него

Се чини дека со изданијата во последните натпревари, Лук де Јонг го освојува Чави иако тоа до пред извесно време не беше така.

Шпанија

Лук де Јонг имаше бавен старт на кариерата во Барселона. Тој и не е тип на напаѓач како што сакаат каталонските навивачи.

Висок класичен шпиц е нешто што не се гледало често на Камп Ноу во изминатите децении.

Ниту Чави не беше воодушевен од него, па затоа беше ангажиран Феран Торес, а Барса се интересираше и за Мората.

Но во последните натпревари работите се променија, Лук де Јонг почна да прикажува добри партии и да станува корисен фудбалер за тимот.

Во изминатите мечеви тој постигна три гола на исто толку натпревари вклучувајќи го и дуелот со Реал Мадрид од шпанскиот Суперкуп.

Не само што даваше голови, туку влегуваше во шанси и за повеќе погодоци, неговите перформанси изгледаа значително подобро од тие кои ги прикажуваше пред некој месец.

Таквите негови изданија почнаа да го менуваат мислењето на Чави за него.

Според „Мундо Депортиво“, Чави е пријатно изненаден од формата на Лук де Јонг и се надева дека тој ќе има важна улога до крајот на сезоната.