24фудбал

Ван де Бек понуден на Њукасл и Борусија Дортмунд за позајмица?

Холандскиот интернационалец претстојната полусезона би можел да ја одигра во друг Премиерлигаш, а постои можност и за негова преселба во Бундеслигата.

Англија

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер јунајтед, Дони ван де Бек наводно е понуден на Њукасл и Борусија Дортмунд, а во обете прилики за позајмица на Холанѓанецот кој не добива прилика за докажување ниту од новиот тренер Ралф Рангник.

Ван де Бек за 40 милиони фунти во 2019 година направи трансфер од Ајакс во Манчестер јунајтед, а сезонава не запиша старт на ниту еден меч во Премиерлигата, со тоа што постојано се шпекулира дека е на излезна врата од „Олд Трафорд“.

Се верува дека постои расположение во таборот на Манчестер јунајтед да се договорат за позајмица со Њукасл и Борусија Дортмунд, а особено ќе притиска Њукасл кому очајно му се потребни бодови за опстанок во елитното друштво во Премиерлигата.