24фудбал

Роналдо: Не дојдов во Манчестер јунајтед за да бидам шесто-седмо место

Кристијано Роналдо верува дека Манчестер јунајтед има потенцијал за многу повеќе отколку што тоа го покажува на теренот, тој верува дека со Рангник и напорна работа можат да направат многу.

Англија

Роналдо не е задоволен од досегашниот учинок на Манчестер јунајтед откако тој пристигна во клубот. Португалецот сака многу повеќе и верува дека тоа можат да го остварат.

„Не прифаќам нашиот менталитет да биде помалку од пласман во топ три од Премиерлигата. Мислам дека за да изградиме добри работи, понекогаш треба да уништиме неколку работи. Па зошто не - нова година, нов живот и се надевам дека Манчестер јунајтед може да биде на нивото на кое фановите сакаат. Тие го заслужуваат тоа“, вели Роналдо.

„Способни сме да ги менуваме работите сега. Го знам патот но нема да го кажам тоа јавно бидејќи мислам дека не е етички од моја страна да го кажам тоа“.

„Не дојдов тука за да бидеме шесто место, или седмо, или петто место. Туку сум за да се обидеме да освојуваме, да се натпреваруваме“.

„Верувам дека со напорна работа под водство на Рангник можеме да освоиме значајни работи, дури и оваа сезона“.