24фудбал

Уште еден фудбалер колабираше на теренот поради срцев удар! (ВИДЕО)

На мечот од катарското првенство меѓу екипите на Ал Рајан и Ал Вакраха се случи немил настан, играчот на гостинскиот тим, Усман Кулибали колабираше на теренот.

Останато

Кулибали кој е репрезентативец на Мали, падна на теренот и почна да се тресе по што на теренот веднаш втрчаа лекарските екипи. Сликата беше стравотна.

По неколку минути дојде и брза помош која го однесе во болница. Информациите велат дека тој го преживеал срцевиот удар и во моментов е во стабилна состојба.