24фудбал

Газдата на „Спорт Клуб“ го купи Саутемптон

Саутемптон потврди дека „Спорт Република“ чиј главен инвеститор е Србинот, Драган Шолак е нов сопственик на англискиот премиерлигаш.

Англија

Драган Шолак е основач и на „Јунајтед груп“ кој е сопственик на познатиот спортски канал во регионот, „Спорт Клуб“.

Шолак со компанијата „Спорт Република“ каде што е најголем инвеститор, го презема управувачкиот пакет на Саутемптон. Се шпекулира дека се работи за сума од 100 милиони фунти.

Кинезот Гаа Јишен ги продаде своите акции на „Спорт Република“, а Шолак ќе остане да го води клубот со Катарина Либер која има 20 проценти од акциите. Таа беше доминантна сопственичка пред да пристигнат Кинезите.

„Јас и моите партнери имаме искуство во долгорочни инвестиции во спортот и забавната индустрија и „Спорт Република“ беше формирана да ги комбинира овие експертизи и да испорача нешто уникатно на пазарот. Саутемптон има многу квалитети кои ние ги бараме во големите спортски организации. Има одличен менаџерски тим, одличен развој на таленти, талентираните тимови играат атрактивен фудбал и има посветена фан база“, вели Драган Шолак.

„Спорт Република“ е инвестициска компанија со седиште во Лондон која е основана од Хенрик Крафт и Расмус Анкерсен, поранешен директор на Брентфорд. Главен инвеститор во компанијата е Србинот, Драган Шолак. Визијата на компанијата е да ги примени вистинските карактеристики и аналитика за да им помогне на фудбалските клубови да го достигнат својот потенцијал. Саутемптон е првиот од ваквите проекти во кои ќе инвестираат.