24фудбал

Донарума негира дека има проблеми во ПСЖ: Навас ми е пријател

Џиџо Донарума тврди дека е во добар однос со Кејлор Навас демантирајќи ги гласините дека двајцата голмани не се трпат.

Франција

22-годишниот голман дојде како големо засилување за ПСЖ, тој беше и најдобар играч на Европското првенство кое го освои Италија.

Но, во парискиот клуб титулата прв голман ја има Кејлор Навас, тој имаше и повеќе настапи и бранеше на поважни дуели.

Донарума бранеше на 11 мечеви во сите натпреварувања. Навас на 16 натпревари од нив 11 во Лига 1 и три во Лигата на шампионите.

„Л'Екип“ во декември излезе со вест дека има тензија во соблекувалната на ПСЖ поради конкуренцијата меѓу двата голмани. Сега Донарума вели дека не е така.

„Конкуренцијата е нормална работа и Кејлор ми е пријател“, вели Донарума.

„Тука во Париз притисокот е поголем отколку во Милано, јас сум во клуб кој сака да освои се“.

„Ова е само почеток, мојата амбиција не е променета: победа, победа, победа“.