24фудбал

ПСЖ прави чистка и продава играчи за да прибере 100 милиони, првиот веќе си замина

Според пишувањата на Л'Екип, ПСЖ мора да прибере 100 милиони евра од продажба на фудбалери, на списокот се ставени неколку имиња, прв заминува Рафиња.

Франција

„Светците“ имаа големи загуби во последните две сезони па треба да ги балансираат сметките со продажба на играчи, според пишувањата на Л'Екип, планот е да се приберат околу 100 милиони евра.

Прв на излезна врата е Рафиња, кој се сели во Реал Сосиедад на позајмица, наскоро се очекува официјална потврда.

Нов клуб ќе се бара и за Серхио Рико, Курзава, Керер, Диало и Дракслер.