24фудбал

Добра вест: Пеле е пуштен од болница

Големата бразилска фудбалска легенда, Пеле по две недели откако беше хоспитализиран е пуштен од болница и пратен на домашно лекување.

Јужна Америка

По две недели минати во болница, Пеле е пуштен на домашно лекување.

„Пациентот е стабилен и отпуштен од болница. Сега е дома“, објавија лекарите од клиниката во Сао Паоло.

Пеле и во септември беше во болница, тогаш таму остана цел месец, му беше правена операција поради тумор на дебелото црево.