24фудбал

Македонија ја заврши годината на 67. место на ФИФА ранг листата

ФИФА ја објави последната ранг листа на репрезентациите за оваа година, Македонија остана на 67. место.

Македонија

2021 година е најуспешната за македонската фудбалска репрезентација досега, игравме на Европско првенство и се пласиравме во бараж за Светското првенство.

Што се однесува до ранкингот, оваа година ја завршуваме за две места послабо од лани. Сега сме 67., а во 2020. завршивме на 65. место.

Белгија и понатаму е лидер на табелата, а во топ 10 се уште и Бразил, Франција, Англија, Аргентина, Италија, Шпанија, Португалија, Данска и Холандија.

Македонија е најдобро пласирана од репрезентациите со кои ќе играме во Лигата на нации. Позади нас се Бугарија 71. место, Грузија е 85., а Гибралтар 203.