24фудбал

Омикрон не може да го одложи Африканскиот куп на нации, ќе се игра според предвиденото

Африканскиот куп на нации кој треба да почне на 9. јануари ќе се игра како што е планирано и покрај големиот притисок тој да биде откажан.

Останато

Европските фудбалски гиганти прават притисок да се одложи Африканскиот куп на нации поради омикрон сојот кој е најзастапен во Африка, но забрзано се шири и во целиот свет.

Сепак, првиот човек на африканскиот фудбал, Патрис Мостапе потврди дека нема да има никакво одложување на турнирот.

„Мора да веруваме во себе. Мора да веруваме како Африканци дека можеме да организираме успешен и безбеден Африкански куп на нации. Пред нас е голем предизвик, но ситуацијата секаде е иста, а гледаме дека фудбал се игра. Нема причина зошто да не се игра во Африка. Нема од што да се криеме, мора да се соочиме со проблемите и да покажеме дека можеме да бидеме добри организатори“, изјави Мостапе.

Африканскиот куп на Нации ќе се одржи во Камерун и Буркина Фасо.