24фудбал

Мбапе: Секогаш постои место и простор за нешто непланирано

Актуелниот договор на напаѓачот со ПСЖ истекува идното лето, а уште во јануарскиот преоден рок ќе има можност да договори трансфер, а нема да зачуди и доколку настане пресврт во случајот со францускиот вицепрвак.

Франција

Младата ѕвезда на ПСЖ, Килијан Мбапе отвори можност за повеќе шпекулации околу неговата иднина со тоа што јасно посочи дека е отворен за предомислување во однос на таа тема која е мошне актуелна.

Преселбата од Монако во ПСЖ беше логична“ рече Мбапе.

Но, секогаш постои место и простор за нешто непланирано, да се има забава, оној фактор на изненадување, тоа е дел од убавината на спортот“ додаде тој.

Можат да се случат работи кои ќе ви го променат мислењето, невозможно е да предвидите што ќе сторам во следните 20 години“ заклучи напаѓачот кој се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.