24фудбал

Македонија во иста група со Бугарија во Лигата на нации

Македонската фудбалска репрезентација ги доби противниците за новото издание од Лигата на нации, ждрепката сакаше да се паднеме во иста група со Бугарија.

Македонија

Македонија ќе игра во групата 4 од дивизијата Ц во новата сезона од Лигата на нации.

Во нашата група се селекциите на Бугарија, Грузија и Гибралтар.

Наптреварите ќе се играат од јуни до септември следната година. Првите четири кола ќе се одиграат од 2 до 14 јуни, а последните две од 22 до27 септември.

Победниците од групите одат во дивизија Б, додека последнопласираните ќе играат плејаут баражи во март 2023 година и двата поразени тима ќе испаднат во дивизија Д.