24фудбал

Меси со емотивно писмо до својот пријател Агуеро (ФОТО)

Можеа да играат заедно во Барселона, меѓутоа поради проблемите кои настанаа Меси продолжи во ПСЖ, а Агуеро веќе имаше потпишано за составот на Каталонците.

Останато

Серхио Агуеро ја заврши професионалната кариера откако кај него се појавија одредени проблеми со срцето, а Аргентинецот се повлекува од фудбалот на 33 годишна возраст, за што особено жали неговиот сонародник Лионел Меси, кој наведе дека боли причината за таквата одлука.

Цела кариера заедно, Кун... Имавме некои преубави моменти, но и моменти кои не беа толку убави, но, сите тие не направија поблиски, не направија подобри пријатели, ќе продолжиме да го поминуваме времето заедно, но овој пат вон терените“ напиша Меси на социјалните мрежи.

Со задоволство го подигнавме трофејот во Копа Америка, со сите твои успеси во Англија... Вистината е дека боли во моментов кога ќе видам на каков начин ја прекина својата кариера, боли поради тоа што ти се случи, сигурен сум дека ќе продолжиш да бидеш среќен, ти си личност која е опкружена со среќа, тие кои те сакаат секогаш ќе бидат со тебе, сега за тебе почнува едно ново поглавје во животот, убеден сум дека ќе уживаш во него со насмевка на лицето, ти посакувам сенајдобро во новото поглавје, те сакам многу пријателе, ќе ми недостасуваш на терените“ додаде ѕвездата на ПСЖ.