24фудбал

Барселона загуби од Бока јуниорс на „Марадона купот“ (ВИДЕО)

Првото издание на „Марадона купот“ заврши со победа на Бока јуниорс над Барселона на пенали откако мечот во регуларниот дел заврши 1-1.

Останато

По мирното прво полувреме, два погодоци беа постигнати во вториот дел. Барса дојде во водство со гол на Џуџла, а Бока израмни преку Зебалос.

Во пенал серијата Бока јуниорс беше подобра со 4-2. Хаиме и Переира не реализираа за Барселона.

Во центарот на вниманието беше Дани Алвеш кој го имаше второто деби за Барселона, одигра 45 минути и ја носеше капитенската лента.