24фудбал

Досега невидено: ВАР исклучи голман пред да почне натпреварот! (ВИДЕО)

Во Парагвај се случи нов момент кога е во прашање ВАР технологијата, голманот на Серо Поренто доби црвен картон пред да почне натпреварот против Олимпија.

Јужна Америка

Пред самиот почеток на мечот, голманот на Серо Портено имаше дуел со противничките навивачи на кои им упати неколку непримерни гестови. Тоа го забележа ВАР и случајот го пријави кај судијата. По прегледувањето на снимката тој одлучи да му даде црвен картон на голманот.

Бидејќи црвениот картон не беше во текот на играта, на Серо Портено им беше дозволено да играат со 11 фудбалери. Во игра влезе резервниот голман.

На крајот Олимпија го доби мечот со 3-1 и го освои парагвајскиот Супер Куп.