24фудбал

Уште еден поголем кикс на УЕФА, Манчестер јунајтед не беше ставен како опција за Атлетико Мадрид! (ВИДЕО)

Моментот кога Манчестер јунајтед беше извлечен со Виљареал беше повпечатлив, но на ждрепката се случи уште еден голем пропуст кој е повлијателен.

Лига на Шампиони

Кога беше извлечен Атлетико Мадрид, Џорџо Маркети на својот помошник му рече дека шпанскиот тим не смее да се падне со Ливерпул и со Манчестер јунајтед кој веќе е извлечен, па помошникот не зема топче од шеширот на Јунајтед.

Но, не беше така, Атлетико Мадрид и Баерн Минхен се третиот извлечен пар. А Манчестер јунајтед беше извлечен како последен во ждрепката.

Како опција за противник на Атлетико Мадрид требаше да биде и Манчестер јунајтед. Ова е кикс кој фрла сомнеж во регуларноста на ждрепката.