24фудбал

Во меч со пет гола, Виљареал ја победи Аталанта во Бергамо и ја елиминира од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Виљареал оди во осминафиналето од Лигата на шампионите, Аталанта ќе продолжи во Лига Европа откако денеска во меѓусебната пресметка жолтата подморница победи со 3-2 во Бергамо.

Лига на Шампиони

Поради големиот снег во Бергамо, дуелот меѓу Аталанта и Виљареал денеска се играше.

На италијанскиот тим му беше потребен триумф, но не само што не дојде до него, туку и го загуби мечот.

Дека на Аталанта не ѝ се пишува добро, најави Данџума уште во третата минута кога постигна гол за водство на Виљареал од 1-0.

Пред крајот на првиот дел Капуе реализираше за предност и од 2-0, а по шест минути игра во вториот дел Данџума со својот втор гол донесе убедливо водство за Виљареал од 3-0.

Во 71. минута Малиновски намали на 1-3, а девет минути подоцна Запата реализираше за 2-3 и надеж дека до крајот на мечот може да се случи чудо, но не се случи. 2-3 беше конечниот резултат.

Манчестер јунајтед и Виљареал продолжуваат во Лигата на шампионите, а Аталанта ќе се префрли во Лига Европа.