24фудбал

Фотографијата која ги разлути фановите на Барселона, Ленгле се смееше со Левандовски по елиминацијата од ЛШ (ФОТО)

Барселона синоќа доживеа елиминација од Лигата на шампионите уште во групната фаза откако загуби од Баерн Минхен со 3-0, но за разлика од фановите кои беа разочарани, некои фудбалери се чини дека лесно го прифатија поразот.

Лига на Шампиони

Дефанзивецот на Барселона, Клемен Ленгле кој одигра 90 минути, по последниот свиреж на судијата беше фатен како се смее заедно со Левандовски.

На навивачите на Барселона синоќа не им беше до смеење, но очигледно некои фудбалери не беа толку разочарани.

Фановите на Барса се бесни и лути на Ленгле откако го видоа во добро расположение на само неколку секунди откако беа елиминирани од Лигата на шампионите.