24фудбал

Чави: Не можеме да се надигруваме со топ тим, оваа Барса е за во Лига Европа

Тренерот на Барселона, Чави вели дека настап во Лига Европа е реалноста на овој тим на „каталонците“ и најави почеток на нова етапа и враќање на славните денови.

Лига на Шампиони

За прв пат по сезоната 2000/01, Барселона нема да игра во нок-аут фазата од Лигата на шампиони. По поразот во Минехн, и победата на Бенфика против Динамо Киев, „каталонците“ се елиминирани од најелитното европско натпреварување и ќе продолжат во Лига Европа.

„Вечерва Баерн беше подобар, супериорен. Се обидовме да ги притиснеме силно и високо, да им ја одземеме топката, но не можевме ништо“ – вели Чави.

„Им кажав на играчите дека почнуваме нова етапа, дека мораме да бараме повеќе од самите себе, дека ова мора да биде пресвртна точка, заедно да ја промениме динамиката и многу други работи“.

„Во моментов не можевме да се надигруваме со топ тим, и наша реалност е дека сме тим за Лига Европа. Ситуацијата е болна, но тоа е реалноста“.

„Но ова не смее да се повтори, мораме да ја вратиме Барселона на славните патеки“.

„Денеска почнуваме од нула, ќе работиме напорно да го вратиме клубот онаму каде што припаѓа, а тоа не е Лига Европа, треба да играме за триумф во Лигата на шампиони“.