24фудбал

Два гола на Мбапе, два гола на Меси за победа на ПСЖ, Сити загуби од Лајпциг (ВИДЕО)

ПСЖ со убедливи 4-1 го победија Клуб Бриж, по два гола постигнаа Мбапе и ПСЖ, Манчестер Сити со 2-1 загуби на гостувањето кај Манчестер Сити.

Лига на Шампиони

Оваа група беше решена уште во минатото коло, Манчестер Сити го освои првото место, ПСЖ второто, па денешните натпревари беа формалност.

ПСЖ имаше фуриозен старт на натпреварот, по само седум минути игра водеше со 2-0. Мбапе ги постигна и двата гола.

Во 38. минута Меси постигна убав гол за предност на ПСЖ и од 3-0.

Клуб Бриж искористи една грешка на средината на теренот на ПСЖ и преку Ритс во 68. минута намали на 3-1. А конечните 4-1 ги постави Меси од пенал осум минути подоцна.

Лајпциг со 2-1 го победи Манчестер Сити. Собослаи и Андре Силва донесоа предност од 2-0, Махрез го постигна единствениот гол за англискиот тим.

На седум минути пред крајот Кајл Вокер направи глупост, удри противнички играч без потреба и заработи црвен картон поради кој ќе го пропушти барем првиот осминафинален меч.