24фудбал

На Меси не му одговара Покетино, ПСЖ почнал преговори со Зидан

Според „Депортес кватро“, во брзо време можe да дојде до тренерска смена во ПСЖ, Маурисио Покетино да добие отказ, а на негово место да пристигне Зинедин Зидан.

Франција

ПСЖ и Зидан веќе почнале преговори кои не се одвиваат лошо. Наскоро Французинот би можел да седне на клупата на овој тим.

Наводно, Меси смета дека Маурисио Покетино нема капацитет да го извади максимумот од овој ѕвезден тим на ПСЖ.

Според Меси, Покетино важи за „мек тренер“, но и тактички недоволно добар за да го води францускиот гигант. Исто така на Меси лично не му одговарала тактиката која ја форсира Покетино.

ПСЖ има само една победа на последните четири меча, а тоа му дава алиби на раководството на клубот да размислува за промена на тренерската позиција.

Од друга страна пак ПСЖ е убедливо прв во француското првенство и ја помина групната фаза од Лигата на шампионите, што значи дека целите за овој дел од сезоната се исполнети.